17 C
Skopje

Партијата на Љубчо Георгиевски: Упатуваме поддршка на процесот за промена на изборниот модел

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка за конечна демократизација на изборните процеси во Македонија. Сметаме дека има доволно време и овој процес да се усвои и имплементира уште на претстојните предвремени парламентарни избори. Ја поздравуваме иницијативата на премиерот Зоран Заев за чинот на усогласување на единствен став во парламентот во однос на промената на изборниот модел односно за воведување на една изборна единица со отворени листи и се надеваме дека во најбрз можен рок истиот ќе влезе во парламентарна процедура и биде изгласан од пратениците.

ВМРО-Народна партија предлага отворање на широк консултативен процес во форма на конференција на која ќе учествуваат сите политички партии кои се дел од македонската политичка сцена но и претставници од меѓународната заедница.

На таа конференција би се усогласил единствен став помеѓу парламентарните и вонпарламентарните политички партии воедно и претставниците од меѓународната заедница би споделиле искуства од државите кои ги претставуваат.

– ВМРО-Народна партија и по осум години од моментот кога за прв пат предложивме промена на изборниот модел останува на ставот дека со ваквиот пристап не само што ќе се додемократизира и зајакне плурализмот во Македонија, туку и ќе се зајакне еднаков пристап кон сите партиско-политички субјекти со еднаква тежина на било чиј глас од градовите и селата во државата, соопшти партијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -