fbpx
11.8 C
Skopje

ВМРО НП стои на ставот од 2011: Со една изборна единица до вистинска демократизација на општеството

АКТУЕЛНО

ВМРО НП ја потсетува јавноста дека уште во 2011 година кога никој не ни помислуваше да побара некакви промени а камоли да предложи, упативме иницијатива за промена на изборниот модел. Цврсто сме убедени дека само со измени на законот за избори односно наместо шест вештачки изборни единици, се заменат со една изборна единица ќе добиеме вистински плурализам во парламентот а со тоа ќе добиеме вистинска демократизација на македонското општество.

Исто така, предлагаме, да се укине однапред утврдениот квалификациски праг за влез во Собранието како и да се сменат правилата на игра и да се воведе државно финансирање со распределба на 0,3% од буџетот на Република македонија.

ВМРО НП ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи само со ваков модел можат да се задоволат општите критериуми за фер и демократски избори во кои во преден план ќе биде изразената волја на гласачите подеднакво на целата држава.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -