28 C
Skopje

Во Албанија за пет дена регистрирани 1.300 земјотреси

АКТУЕЛНО

Од утрото на 26 ноември кога во Албанија беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до денеска регистрирани се 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата,изјави албанскиот сеизмолог Рапо Ормени.

Тој додаде дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија по главниот потрес.

-Луѓето треба да се навикнат на земјотреси затоа што не доживеале толку силен земјотрес, како оној што ја погоди земјата на 26 ноември, во последните 40 години, рече Ормени.

Според него треба да се земе предвид дека трите денешни попладневни потреси се со интензитет над пет степени според Рихтеровата скала, 25 над четири степени и 130 земјотреси над три степени регистрирани од апаратите, останатте се со јачина од три и под три степени.

-Нормално е енергијата да се ослободува од сеизмичката зона. Потребно е ослободување на енергија и потреси. Нема причина луѓето да паничат, изјави Ормени.

Тој посочи дека последователните земјотреси не предизвикале никаква штета.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -