fbpx
2.8 C
Skopje

Во автомобил пренесувал 34,3 килограми марихуана

АКТУЕЛНО

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград запленија 34,3 килограми марихуана и го уапсија црногорскиот државјанин З.М. (43) поради постоење сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и продажба на опојни дроги“.

Марихуаната спакувана во 41 пакет полицијата ја пронајде во конструкциските шуплини во возилото „рено лагуна”, што осомничениот го возел.

На З.М. му е одреден притвор од 48 часа, по што, заедно со кривична пријава, ќе биде приведен на надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград, се вели во соопштението.

Во текот на овој месец белградската полиција успеала да заплени и други вакви и поголеми количини на марихуана.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -