fbpx
16 C
Skopje

Во „Брзи и бесни“ се уништени транспортни средства вредни 520 милиони долари

АКТУЕЛНО

Британскиот портал Insurethgap.com, кој се занимава со осигурување и истражување на автомобилските пазари, ја пресмета вкупната вредност на машините кои се уништени во 7-те дела на серијалот „Брзи и бесни“. Тоа е околу 420 милиони фунти, што е еквивалент на 520 милиони долари. Во износот влегуваат оштетените во 7-те делови автомобили, авиони, хеликоптери, автобуси, тенкови, возови и мотоцикли. Од транспортните средства полесно се уништени 169, но други 142 се целосно уништени.

Најскапата машина, унишштена во „Брзи и бесни“, е „W Motors Lykan Hypersport“. Автомобилот се проценува на околу 3,4 милиони долари. При тоа штетата нанесена од добрите ликови во филмот се доста поголеми од оние од лошите – 324 милиони долари наспроти 196 милиони.

„Најдеструктивен“ лик е негативецот од седмиот дел, Џејсон Стејтам кој уништил машини во вредност од 185 милиони долари. Меѓу позитивните херои „лидер“, природно, е Вин Дизел со помалку од 70 милиони долари. Генерално најголеми се штетите во 6-тиот и 7-иот дел од серијалот.

Следниот дел – „Брзи и бесни 8“, ќе излезе на големиот екран на 12 април. Во него учествуваат Вин Дизел, Двејн Џонсон, Мишел Родригез, Џејсон Стејтам, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Курт Расел.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -