fbpx
6.8 C
Skopje

Во Грција е откриен и втор случај на индискиот сој на коронавиpуc

АКТУЕЛНО

Уште еден случај на индиската варијанта на коронавирус, одговорен за брзото ширење на епидемијата во Индија,е откриен во Грција, објавија денеска здравствените власти на таа земја.

Националната управа за јавно здравје (Еоди) објавила дека „позитивен примерок од варијантата што доминира во Индија“ е откриен по тестирање на 33-годишна жена која не е грчки државјанин и живее во Атика, предградие на Атина.

Познато е дека отпатувала во Дубаи на 4 април. Еоди објавил дека жената имала „негативен PCR тест“ пред да замине од Дубаи.

„Ова е прв случај на индиска варијанта на коронавирус во Грција“, изјави за Франс прес извор од грчкото Министерство за здравство, кој сакал да остане анонимен.

Еоди наведува дека случајот бил откриен како дел од рутинско масовно земање примероци.

Во соопштението се вели и дека жената „чувствувала симптоми, но не била хоспитализирана“. Сега „таа веќе не ги чувствува симптомите и периодот што мораше да го помине во карантин е завршен“, се вели во соопштението.

Индискиот вид коронавирус, наречен Б.1.617.1, за прв пат е изолиран во индискиот регион Махараштра. Индискиот здравствен систем е во колапс додека се обидува да се справи со бранот инфекции кои во голема мера се припишуваат токму на оваа варијанта на коронавирусот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -