fbpx
15 C
Skopje

Во хотел во Гостивар пронајден починат маж со државјанство на САД

АКТУЕЛНО

Во текот на вчерашниот ден, во хотел во Гостивар бил пронајден 61-годишниот гостин со иницијали Ќ.Н. кој покрај македонското државјанство, поседувал и на САД.

Случајот од страна на персоналот во хотелот бил пријавен во 9.20 часот кога веќе починатиот К. Н. бил пронајден. Лицето во хотелот престојувало од 19.01.2017 година.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Медицински центар Гостивар без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Гостивар. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција, по што е предадено на семејството за погреб.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -