Илјадници луѓе деновиве шетаат на калифорниските плажи и покрај апелите на властите кои го молеа луѓето да не патуваат, да не излегуваат, да не се групираат и да ги почитуваат мерките за социјална дистанца.
Гувернерот на Калифорнија истакна дека голем проблем за нив ќе биде топлото време на кое нема да можат да оддолеат поголем број на граѓани.
Полицијата ја затвори плажата Park Lovers Point бидејќи е создадена голема гужва и луѓето не го почитуваат ограничувањето на движење.
Гувернерот на Твитер напиша дека Калифорнија може да ја исправи кривата само ако луѓето останат дома и ги почитуваат донесените мерки.