fbpx
7 C
Skopje

Во нападот во Манчестер загинаа 22 луѓе, напаѓачот е мртов

АКТУЕЛНО

Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс изјави дека во експлозијата, која се случи синоќа, на крајот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер арена, загинаа 22 лица, а 59 се повредени. Меѓу загинатите има и деца. Според Хопкинс, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата, загинал во експлозијата и оти тој сам го извел нападот.Полицијата верува дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и оти истрагата ќе утврди дека тој бил дел од некоја терористичка мрежа. Приврзаници на џихадистичката групација Исламска држава утринава на социјалните мрежи го поздравија синоќешниот смртоносен бомбашки напад во британскиот град Манчестер. Улиците околу Арената каде се одржа концертот и натаму се затворени, а присутен е и голем број припадници на полицијата и антитерористичките единици, кои и натаму го пребаруваат теренот. Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека свикува за во 9 часот по локално време во Лондон вонредна седница на владината комисија „Кобра“ поради синоќешната експлозија во Манчестер. Иницидентот таа го нарече „ужасен терористички чин” и истакна дека нејзините мисли се со повредените и со семејствата на сите жртви. Британскиот премиер Тереза Меј и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин постигнаа спогодба да ја прекинат изборната кампања по терористичкиот напад во Манчестер.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -