Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 10, Велес 3, Охрид 4, Кавадарци 8, Гостивар 3, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 2 Кичево 1
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.