fbpx
10.8 C
Skopje

Во Штип беа одбележани 105 години од Брегалничката битка

АКТУЕЛНО

Денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица во Штип. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар од Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и штипскиот градоначалник Благој Бочварски кој воедно е и потпретседател на СДСМ.

На одбележувањето, свое обраќање, меѓу другите, имаше и градоначалникот Бочварски:

„Оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат.

Она што треба секојдневно да го правиме е да подадеме рака секому и да се бориме против поделбите. Да имаме разбирање меѓу себе, да соработуваме и секогаш да имаме на ум дека богатството што Македонија го поседува е во различностите, а убавината е во обединувањето на тие различности. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Ни требаат оптимизам, смиреност и одговорност, почит за минатото, но и да работиме на решавање на споровите и проблемите, да избираме решенија што обединуваат. Да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото да градиме иднина,” истакна во својот говор градоначалникот Бочварски.

 

ФОТО

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -