25 C
Skopje

Во Штип во тек масовно тестирање на работниците од текстилната конфекција

АКТУЕЛНО

Во тек е масовното тестирање на работниците од текстилната конфекција, но и на оние кои се превезувале во истите автобуси од други конфекции до своите работни места. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Штип денеска земаат брисеви на околу 35 работници и нивни контакти, а тестирањето ќе продолжи и утре.

Тестирањето се врши на пунктот, но и по домовите кои се опфатени со тестирањето. Резултатите, кои ќе се добијат ќе ги дададат и насоките на надлежните, какви мерки дополнително ќе се преземат.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за МИА вели дека до денеска бројот на лица кои се во изолација е 170 граѓани. Тој останува на ставот, а и разговарал со надлежните во Министерството за здравство дека во моментов за Штип нема потреба од дополнителни поригозрни мерки, како што е карантинот. Смета дека граѓаните се свесни за состојбата, а епидемиолозите ќе го затворат ширењето на вирусот од овој кластер.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти, кои се со средна клиничка слика и се во стабилна состојба. Капацитетот на Инфективното одделение е за 33 пациенти

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -