fbpx
17.8 C
Skopje

Во Шведска имавме пари, но живеевме како робови, сега во Дервент сме без пари ама сме среќни

АКТУЕЛНО

Последните години младите брачни парови на секој можен начин бегаат од земјта во која живееат. По селата веќе одмана ги нема.

Токму поради тоа оваа приказна на семејството Сарван е посебно интересна бидејќи во оваа денешница се одлучиле да живеат на природа.

– Животот во градот станува безмислен. Сите пари кои се заработуваат во градот одат на храна и сметки. Сакавме да произведуваме органски производи, бидејќи во град е многу тешко да се дојде до здрава храна. Се е тоа прскано и третирано со којзнае што. Дефинитивно се одлучивме дека најдобра идеја е да се преселиме на село и да произведуваме своја храна, вели на почетокот од разговорот за српски Курир Јасмина Сарван.

Но, замисленото не е лесно да се реализира. Прва пречка беше пронаоѓање на земјиште кое исполнува неколку услови кои ги имавме зацртано за нашиот проект да го реализираме успешно.

– По огласите почнавме да бараме земја. Имавме многу мал буџет. Условот беше парцелата да има свој извор со вода. До имотот да има пат. Да биде малку одалечен од градот, нашиот прв сосед да биде одалечен макар километар поради органските производи. Така пронајдовме земја недалеку од Дервент, одалечено некои седум километри. Имотот имаше овоштарник со јаболки и сливи. Сите овошки сами никнале. Сето тоа природата го создала, што тоа ни беше и целта. Изградивме и колиба, открила Јасмина.

Во периодот кога луѓето заминуваат во странство по потрага за подобра егзистенција, Јасмина и Џан се вратиле од Шведска „земјата од соништата“ за многумина луѓе. Сфатиле дека таму владеат некои други друштвени правила на кои не можат да се навикнат.

– Јас сум родена во Белград, но од 17 години заминав на студии во Америка. Потоа во 2010 година дојдов кај сестра ми која живее во Сараево. Тогаш најдов работа и го запознав мојот сопруг, наведува Јасмина.

Како што вели, сфатила дека животот во Шведска не е за неа.

– Тоа е робовски живот. Ние таму отидовме  бидејќи добив работа која беше платена 4000 евра. Меѓутоа, кога со тие 4 илјади ќе платиш се што ти треба, доаѓаш на исто. Системот е така направен за човек да има само за основните потреби, а потребите во градот секојдневно се се поголеми, раскажува таа.

Поранешната тенисерка вели дека сфатила не и треба градот, па потоа престанала да трча за пари.

– Егзистенција е ова што сега додека разговараме седам под дрвото  на лулашка. Ниту на некого должам, ниту  имам грижа и стрес, а имам да јадам и пијам. Имам се и сешто и што е најважно  на никого не робувам. Сакам детето да ми расте на слобода, вели Јасмина.

На сите начини се труди на својот имот да живее потполно независна од системите и немаат многу трошоци па  пари многу и  не им требаат.

– Нашата сметка за струја е минимална. Се храниме така што не јадеме ништо не природно. Фрижидер и не користиме. Работите за зима ги сушиме. Телевизор немаме, имаме лап топ и Интернет, сметката за струја ни е околу 7 евра. Купуваме некои намирници на пример: Банани. Во продавница трошиме 15 евра неделно, заклучува Јасмина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -