fbpx
18 C
Skopje

Во Србија открија оружје со камион, поминал „непроверен“ низ Бугарија

АКТУЕЛНО

Српски царинарци од премин “Градина” открија големо количество оружје и муниција во камион, кој помина како транзит низ Бугарија. Официјалните документи приложени од камионот укажуваат дека тој превезувал слатки и колачиња од Турција за Црна Гора.

Официјалните документи покажувале дека возачот на камионот всушност превезувал „Слатки“ од Турција за Црна Гора, соопшти БНР.

При проверката станало јасно дека зад легалната роба се криело токму оружјето. Пронајдени се 80 цеви за воздушни пушки, 80 приклади, 10 пиштоли и над 4. 000 куршуми. Оружјето било откриено со мобилен скенер, откако возачот рекол дека нема ништо за пријавување. При проверката било утврдено дека јажето со царинската пломба е тргнато и одново залепено.

При преминувањето преку граничниот премин “Калотина” камионот не бил проверен од бугарските власти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -