fbpx
17 C
Skopje

Во својата 104. година умре таткото на Раде Шербеџија, без да изгледа ниту една негова претстава

АКТУЕЛНО

Овие тажни вести на социјалните мрежи ги сподели синот на Раде, Данило, кој своето име го добил по својот дедо. Таткото на славниот актер Раде Шербеџија, Данило Шербеџија, почина денес на 104. годишна возраст.

„Земјоделец, рудар, борец, татко, дедо, прадедо. Тој имаше доволно. Остави облека за погреб, во џебот писмо што тој сака да се прочита на погребот во присуство на најблиското семејство, мене недоамна ми остави часовник кој го добил кога отишол во пензија, а на својот погреб сакаше виолина која ќе го прати со песната „Kad u vojsku ja polazim i zeljeno polje gazim“. Поздрав дедо, горд сум што го имам твоето име,“ вели неговиот внук на фејсбук.

Инаку Раде во едно интервју претходната година призна дека неговиот татко се противел на одлуката да стане глумец и дека не гледал ниту еден негов филм.

„Имав одличен однос со моите родители. Татко ми никогаш нема изгледано ниту еден мој филм, ниту серија, ниту пак претстава“, додаде Шербеџија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -