15 C
Skopje

Во Тетово крстот се фрлаше денес – најсреќен беше Томислав

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Во тетовската црква „Света Богородица“ се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. По светата литургија, во црковниот базен во дворот во црквата се изврши Водосвет и спуштање на Светиот крст.

По крстот скокнаа тројца верници, 21-годишниот Живко Секуловски, 30-годишниот Драгиша Јовановски и 36 годишниот Томислав Несторовски. Најуспешен и најсреќен беше најстариот Томислав кој го фати осветениот крст.

– Скокам по втор пат. Прв пат ми се насмевна среќата да го фатам јас крстот. На сите христијани, браќа и сестри им го честитам денот, Водокрст да се живи и здрави, бериќет, здравје за сите и мир во државата. Лани скокнав за прв пат. На личен план на прво место ми е фамилијата, да се живи и здрави, да има бериќет, изјави Томислав, професионален војник, женет и татко на две деца на пет години и два месеци.

Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија господин Јосиф во својата беседа го истакна значењето на празникот, денот кога се осветуваат водите, а воедно ги поучи верниците како правилно треба да ја употребуваат светата вода.

– Денешниот празник се нарекува Водокрштение ,Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштението односно од осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примале Христијанството. Во светата црква се познати две осветувања на вода. Големо и мало осветување. Големото осветување се врши два пати во годината. Токму на денешен ден на Водопост во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, зошто се сеќаваме на крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан во која црквата го гледа прототипот на прочистување на гревовите но и вистинско осветување на водата со присуство на Бога. Исто така кога се врши Крштение се случува Големо осветување на водата. Додека мал водосвет се врши во различни прилики при дурги црковни чинови и на барање на верниците, истакна владиката.

Единствено во Тетово чинот на спуштање на крстот се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици. Утре на Водици централното одбележување е во соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ каде осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен во 10 часот.

Извор: Прес24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Временска прогноза: Следуваат пониски утрински температури

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотарен...

Ковачев: Македонија се држи до системот на диктатура на Тито

Во Договорот стои дека заедничката Комисија треба да работи врз основа на факти, а не врз мислење и тука да се зема во предвид...

Врие од полиција – МВР ја бара Горде, здувна ли?

Новинарот Фуркан Салиу вечерва сподели интересен фејсбук статус во кој вели МВР многу по внимателни со Јанкуловска. Патроли поставени на секој излез во зградата кај...

Тежок cкандaл ги потpeсе Битола и Битолската болница (ФОТО)

Вработена во битолската болница со дрски навреди и ужасни зборови кон ликот и делото на Гоце Делчев. Таа е медицинска сестра, но и портпарол...

Ковачев: Делечев е роден во град со мнозинство Бугари во Кукуш, родителите му биле Бугари, учел во бугарско училиште, тој е Бугарин

Гоце Делечев е роден во град со мнозинство Бугари во Кукуш, мајка му и татко му биле Бугари ја почитувале бугарската црква, учел во...
- Advertisement -