fbpx
13.8 C
Skopje

„Во тој момент ми даде најголема поддршка“: Потресна исповест на Весна Џогани за Тоше Проески

АКТУЕЛНО

Таа е една од најпознатите српски пејачки денеска, но не секогаш животот бил добар кон неа.

Весна Џогани која денес е во групата Џогани и му е сопруга на Џоле, со кој имаат деца, пораснала во дом. Нејзината мајка затруднела вонбрачно и морала да ја остави.

Таа потоа била посвоена, но одржувала контакт со мајка си.

Потоа се приклучила на танчерската група и животот и се сменил од корен.

Како што и е познато на јавноста нејзниот сегашен сопруг Џоле Џогани во минатото беше во брак со Слаѓа, по разводот тој се ожени со Весна па одлучи токму таа да биде пејачка во нивната група.

Она што е интересно е дека тие заедно ја снимиле песната „Понекад“ со која Весна требало да се појави на најпопуларниот фестивал во тоа време,„Сунчане скале“.

„Вечерта пред настапот на генерлната соба јас стоев на сцената. А режисерот вели Џогани да се појави на сцена, а јас веќе стојам на сцена, уплашена. Режисерот очекуваше многу луѓе на сцената. Џоле му се приближи на режисерот и му кажа: Toa e групата Џогани, јас се разведов, а ова е Весна, јас не се појавувам“, раскажува Весна и додава:

„Кога ја испеав песната беше тотална тишина. И од трибините слушам аплауз, тоа беше Тоше Проески. Може да замислиш?, вели пејачката, а Џоле додаде:

„Урнебесно аплаудираше. Викаше „Браво, браво“. Дојде и ми кажа: Прекрасна, преубава песна, вели Џоле.

Весна истакна дека во тој момент Тоше и бил најголема поддршка и ветер во грбот.

Извор: Вистина.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -