8.4 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во времето на храбрите

Нови избори чукаат на вратата на Македонија (Северна). Тропањето на вратата на граѓаните е се почеста, но и посилна. Тупаниците доаѓаат од две страни. Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници!

Тој удар на граѓаните не само што им стана досаден, туку и го слушаат со омраза. 30 години граѓаните слушаат удар на нивната врата но само пред избори, тогаш кога се ветуваат брда и долини, тогаш кога на граѓанинот му се остава простор да си ја искаже маката пред политичарот, тогаш кога граѓанинот е ставен рамо до рамо со политичарот, тогаш кога на земјоделецот може да дојде заменик министерот за земјоделие и истиот да му ја изоре нивата со трактор, тогаш кога слушате ветувања за нови болници, патишта и автопатишта, тогаш кога слушате ветувања за поголеми плати, почист воздух, подобро здравство, образование, нови студентски домови, изградба на студентски град, тогаш кога на граѓанинот му се ветува правда и интензивно се маршира за правда.

Е тој е тој период почитувани. Време во кое ние граѓаните само слушаме и сето тоа звучи примамливо за нашето уво, претворајќи ги тие нивни ветувања во еден филм во нашите глави во кој сите ние замислуваме подобар живот за нас и нашите најблиски. А подобриот живот никако да дојде! Но затоа, дежурните партиски војничиња и оние невини луѓе кои се приморани редовно си маршираат за правда. Еднаш за вмровската правда, еднаш за сдсмовската правда. Кога како односно зависно од тоа кој и како ќе ги натера да размислуваат и што да поддржуваат.

За разлика од нашите правдољупци од СДСМ и ДПМНЕ, граѓаните знаат дека правда ниту имало, ниту ќе има!

Правда нема бидејќи Груевски избега, правда нема бидејќи само Боки 13 испадна најголем фраер во случајот „Рекет“, правда нема бидејќи институциите го заборавија тефтерчето на Гоца, заборавија на Миле ми текна, правда нема бидејќи дедоно кој ја кубеше Шекеринска заврши 4 години во затвор додека оној дебелкиот кој ги отвори вратите од Собранието денес дели лекции на собраниска говорница и стана еден од носителите на ова Собрание за нашите евроинтеграции. Згора на тоа нормално, благодарение на тоа истиот лапа солени тендери кој го прават уште поголем не само во стомачето туку и во џебот. Правда нема и бидејќи СДСМ веќе не е македонска партија како што вели Заев, туку мултиетничка партија. Бидејќи веќе ништо не смее да има македонско, како да ни се наметнува тоа дека не треба да збориме за минатото, бидејќи тоа е нешто страшно и треба само да се свртиме кон иднината. Кон европската иднина…

Но, таа европска иднина како не ни е сигурна и истата говори дека по втор пат ќе јадеме корпа. Ако јадеме корпа ова ќе биде време на храбрите. Време во кое ние граѓаните треба да бидеме најхрабрите на свет и да им кажеме едно големо НЕ на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓани од Република Македонија, Македонци кои ќе покажат и докажат дека си ја сакаат татковината (колку и да е на некој начин обесправена) и дека ниту едно ветување и ниту една лага или партиска придобивка ќе може да ги разубеди да размислуваат поинаку!

Автор: Симон М.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Путин не дозволува да му се прекрши зборот: Доктор заврши зад решетки поради корона вирусот

Руските власти ја уапсија претседателката на независниот синдикат на лекарите, Анастасија Василиева. Таа го критикувала малиот официјален број на заразени со корона вирусот во...

(ФОТО) Нема да поверувате – Како изгледал министерот Венко Филипче како студент

Шармантен и неодолив, министерот за здравство Венко Филипче е фигура број еден во последниот месец во државата. Како и не би бил, кога успешно...

(ВИДЕО) Како бе Роналдо, на таа пара – ако сакаш, ние да собереме донации?

Карантинот и самоизолацијата ги фати буквално сите, поради што многумина се одлучија фризурата да ја направат сами, односно со помош на домашните, за да...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.