fbpx
-6 C
Skopje

Во вторник е Голема Богородица: За здравје во семејството жените задолжително да го направат ова!

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Во вторник е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото.

Доживеала длабока старост. За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива. Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели.

Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла. Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.

Според традицијата, жените на овој ден месат празнична погача за здравје која на големиот празник се јаде со грозје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -