fbpx
22.8 C
Skopje

Вонредна временска прогноза – На овие места беснее невреме

АКТУЕЛНО

Во текот на денешниот саботен ден и тоа претежно од пладне па натаму ќе настапи дестабилизација на временската состојба кај нас, стои во временската на Славчо Поповски.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд проследени со локални грмежи. Повеќе врнежи ќе има на запад како и на исток од државава.

Ќе започне да дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец но и покрај ова нема да има некој пад на температурите на воздухот.

Да напоменеме дека во зоната на нестабилност не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Како што најавивме претходно веќе од утре (недела) ќе настапи постепено стабилизирање на ветерот па така во најголемиот дел од следната недела ќе имаме стабилно, суво и вистинско летно време што значи територијата на нашата држвава ќе биде зафатена од антициклон (антициклонален период).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -