fbpx
18.8 C
Skopje

Вонредна временска прогноза за денеска: Не чека пресврт попладне, од вторник постудено

АКТУЕЛНО

Умерено облачно време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во западните делови ќе биде значително облачно со локален дожд, кој наместа ќе биде пороен и ќе има ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -