31 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев: Глас за Мицкоски и ДУИ е губење на европската иднина

„Искрен став е тоа дека ДУИ треба да оди во опозиција. Изморени се нивните гласачи. Навлезени се ДУИ во системот и не знаат за...

Јовановска од Делчево: За помалку од 3 години поддржани правни субјекти и невработени лица со финансиски средства од над 100 милиони денари

Над 600 невработени лица од кои најголем дел млади лица до 29 години од Делчево активно ги користеа мерките на Владата за зголемување на...

Кедев: Граѓаните ќе гласаат за две можности – нестручност или обнова

Проф. д-р Сашко Кедев: На 15-ти јули граѓаните имаат две можности: 1. Да поддржат целосна конфузија во здраството и нестручни економски политики! 2. Или да гласаат за...

Воопшто не е тешко: Најдобриот метод за одвикнување од цигари

Најчесто има два начини за одвикнување од цигари: одеднаш или постепено „одвикнување“. Едно истражување сега вели дека најдобар метод е одеднаш да ги откажете цигарите.

Никола Линдсон Хол од Универзитетот Оксфорд изјавила: „Многу луѓе мислат дека вообичаен начин за одвикнување од цигари е постепено да се намалува пушењето, а потоа целосно да престанат.“ Меѓутоа, резултатите го покажуваат сосема спротивното. Најдобриот начин сепак е наглото престанување.

Линдсон-Холи и нејзините колеги спровеле истражување на 700 луѓе во Англија кои пушеле по најмалку 15 цигари дневно, а планирале да се откажат. Сите одлучиле да престанат да пушат во рок од две недели. На половина од нив им е кажано да пушат нормално односно во вообичаените количини додека дојде времето за откажување.

На другата половина им е укажано постепено да ја намалуваат количината на испушени цигари. И двете групи добиле совети за однесувањето, никотинските фластери и терапи за замена на никотин со производи како што се мастики, спрејови и слично.

Тие го мереле успехот со тоа што ги набљудувале луѓето по 4 недели од рокот за престанување, а потоа истото го повториле и по шест месеци. Тие кои одеднаш престанале да пушат се придржувале до апстиненцијата од цигари – околу 25% повеќе од оние кои постепено се откажувале.

По шест месеци, 22% од групата која одеднаш ги откажала цигарите се уште се придржувале до апстиненцијата од цигари, за разлика од 15% од групата која постепено се откажувала.

Интересно е тоа што повеќето луѓе велеле дека сакаат полека да ги откажуваат цигарите, а не одеднаш. Линдсон-Холи вели: „Дури и кога сакаа постепено да престанат со пушење, имаа поголема веројатност дека навистина ќе се откажат ако одеднаш ги откажат цигарите.“ Истражувањето не ги вклучило останатите облици на откажување, вклучувајќи ги и електронските цигари кои наводно се ефикасна алатка за откажување. Иако наглото откажување е подобра опција, сепак и постепеното откажување не е толку лош избор.

Latest Posts

Заев: Глас за Мицкоски и ДУИ е губење на европската иднина

„Искрен став е тоа дека ДУИ треба да оди во опозиција. Изморени се нивните гласачи. Навлезени се ДУИ во системот и не знаат за...

Јовановска од Делчево: За помалку од 3 години поддржани правни субјекти и невработени лица со финансиски средства од над 100 милиони денари

Над 600 невработени лица од кои најголем дел млади лица до 29 години од Делчево активно ги користеа мерките на Владата за зголемување на...

Кедев: Граѓаните ќе гласаат за две можности – нестручност или обнова

Проф. д-р Сашко Кедев: На 15-ти јули граѓаните имаат две можности: 1. Да поддржат целосна конфузија во здраството и нестручни економски политики! 2. Или да гласаат за...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.