fbpx
18.7 C
Skopje

Воведен полициски час: Повеќе од 930 затвореници побегнаа од затвор

АКТУЕЛНО

Најмалку 930 затвореници избегаа од затвор во Конго откако вооружени напаѓачи го нападнаа објектот денеска, изјави провинциски гувернер.

Во нападот врз затворот Кангбаи во градот Бени, загинаа 11 луѓе, изјави Жулиен Палуку Кахангја, гувернер на провинцијата Северно Киву. Меѓу загинатите се осуммина полицајци.

Од 966 затвореници, останале само 30 што значи дека повеќе од 930 затвореници побегнале, изјави Палуку Кахонја.

Властите воведоа полициски час во градот Бени и околината. Најголем дел од затворениците во тој затвор се бунтовници од Здружените демократските сили, обвинети за масакр врз цивили во 2014 година. Во мај од затвор во главниот град Киншаса побегнаа повеќе од 4.000 затвореници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -