fbpx
20.8 C
Skopje

Возач дозволи мајмун да управува со автобусот, на патниците воопшто не им пречеше (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Возач на автобус во Индија бил суспендиран од компанијата за која работел, откако дозволил со автобусот полн со патници да управува неговиот миленик – мајмун.

Како што пренесува Би-би-си, против возачот веднаш била покрената акција за санкција, иако никој од 30-те патници воопшто не реагирал поради тоа што мајмун управува со автобусот.

Возачот со една рака го држи воланот, додека мајмунот внимателно гледа на патот пред себе, но не е познато дали успеал да ја совлада техниката за следење на ретровизорот. Случката се случила во понеделник, а компанијата за тоа дознала дури преку интернет.

Како што пренесуваат очевидци, мајмунот се качил со некој од патниците, но одбил да седи на седиштата предвидени за патници, поради што возачот го земал крај себе и заедно управувале со автобусот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -