fbpx
11.8 C
Skopje

Вреди ли да се ризикува: Со што ќе се соочите доколку утре сликате некој што ќе излезе да гласа на референдумот (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Денес во Австралија група граѓани ги фотографираа оние што излегуваа на гласање на референдумот, се очекува истото да се случи и утре во Македонија, дури и во уште поголем број.

Сепак, секој оној што ќе се обиде да фотографира некој што ќе излезе да гласа, треба да биде запознаен во каков ризик се впушта, односно со кои последици може и ќе се соочи.

Во еден Фејсбук статус, сето тоа добро го објаснува Ване Цветанов:

Порака до сите потенцијални фотографи, кои планираат да го попречуваат утрешниот изборен процес. Фотографирањето пред избирачко место, на граѓанин што гласа, е спротивно на Законот за заштита на лични податоци и можат да следат приватни тужби за истото.

А фотографирањето, во комбинација со заканата дека се документираат “предавниците”, е КРИВИЧНО ДЕЛО “ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРЕН ПРОЦЕС”. Нека повелат, нека фотографираат и ќе си одговараат дебело по закон. Да не излезе дека не сум предупредил…

Да нема после пиштење и вриштење. Ние утре славиме, а на кој му се губи денот по полициски станици, а потоа евентуално и по притвори, нека повели и нека се глупира.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -