3.6 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Синот на градоначалникот од Облешево-Чешиново: Пријатели, сакам да споделам битна информација со вас

Пријатели, сакам да споделам многу битна информација со вас пошто некои работи се излезени од контрола! Јас, мојот брат Андреј и мојата девојка Љупка Додева...

Време за разумно, рационално размислување, смирен ум, без осуди

Страв, лутината, бес, измешани емоции, седење дома во 50 квадрати, постојано слушање на прес и постојано тешко изидишување за секој нов случај. Луѓе мои сите се соочуваме со тоа. Сите кукакме и тешко дишеме дома, сите сме под штрек. Го чекаме Филипче, седиме со телефоните и чекаме да слушнеме што е следно. Но тоа не ни дава за право да ,,плукаме,, со коментари по социјалните мрежи, да се труеме самите и сите околу нас, кој треба да даде оставка. Сега не е време за тоа. На кого сте лути? Во кого барате кривица?

Зошто на целата оваа напнатост додавате пута десет негативност, реченици полни со омраза. Го чекаме сите Филипче, а пола од нас не ги почитуваат мерките. Знам, неизвеснота е голема, се соочуваме со животна загрозеност. Во главата ни се вртат милион прашања, немаме одговор на пола од нив, не знаеме што не чека утре, но тоа не е причина да додаваме масло на огнот.

Сега е време за разумно, рационално размислување, смирен ум, без осуди. Треба сите заедно како нација да дадеме се од себе за целата оваа ситуација да се реши. Прво бараат од сите нас да седиме дома, па пола од нас не го почитуваат тоа. Не можам да разберам кој дел од #СЕДИДОМА не е јасен. Пак ќе речам наплив на емоции имаме постојано, но постојат милион начини да ја намалиме нашата напнатост, а со тоа ќе си помогнеме и себе и на тие околку нас, ќе го смириме нашиот бес и ќе размислуваме рационално.

На никој не му е лесно, сите се бориме со голем процес кој како што сите најавуваат ќе трае, но да не си отежнуваме самите. Секоја институција секој поединец прави напори да се смири целата оваа ситуација. Моменти каде што сите ние треба да реагираме смирено, да ги почитуваме мерките, да седнеме дома.

Направете рамка низ која ќе се реализираат вашите активности овие денови. Слушајте музика, медитирајте, читајте книги, играјте со бои, зборувајте на глас, вежбајте ваш иден јавен настап, хранете се здраво, вежбајте, ако имате многу емоции разговарајте со ваш близок, се што ве вознемирува елиминирајте го од вашата листа, погледнете што се имавте во листата на чекање кога баравте слободно време и реализирајте го тоа. Да не набројувам повеќе има милион активности преку кои можеме да црпиме позитивна енергија. Сакате да ви кажам, еве јас ,,урлам,, во 50 квадрати стан и се обидувам да си ја детектирам секоја емоција што ја имам, како што и Вас ви се менува дишењето и ви идат мислите а ,,што ако”.

Но еве седнав и напишав нешто што на сите ни дава дознање дека не сум само јас или вие во таква ситуација, сите сме во ова. На секое непотребно излегување од дома помислете на тоа дека некое детенце дома го чека својот татко кој што се бори за сите нас. Некој сопруг ја чека својата сопруга која се бори на инфективно за нашет добро. Некое дете дома седи и плачи затоа што татко му е воено лице и мора да е достапно 24/7 изложен на голем ризик, но пак за добро на сите граѓани.

Кога непотребно ќе излезете од дома, кога својот бес ќе го префлрете на тастатура и ќе ги труете сите околу вас помислете на тоа, колку родители се останати надвор од границите на нашата држава за да достават храна и лекови некому.

Кога на туѓ грб ќе ја префрлате вашата лутина погледнете се и размислите дали зборува вашето јас или емоцијата која што ја имате во вас. Не можеме да го контролираме она што доаѓа од надвор и не напаѓа, но можеме да ги контролираме нашите емоции и реакции.

Пишува: Катерина Димова

Latest Posts

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Синот на градоначалникот од Облешево-Чешиново: Пријатели, сакам да споделам битна информација со вас

Пријатели, сакам да споделам многу битна информација со вас пошто некои работи се излезени од контрола! Јас, мојот брат Андреј и мојата девојка Љупка Додева...

АКТУЕЛНО

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.