Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне.
Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотарен дожд.
Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури.
Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник.
Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.