fbpx
8 C
Skopje

Врвен ракометар и поранешен репрезентативец е претседател на Комисијата за спорт на СДСМ

АКТУЕЛНО

На вчерашната седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, поранешниот министер за земјоделство, кој ја напушти Владата за да се посвети на партијата, Љупчо Николовски е поставен за шеф на изборниот штаб.

Покрај оваа одлука, беше избран и претседател на новата Комисија за спорт во партијата на СДСМ, а чест да биде нејзин прв претседател ја има Наумче Мојсоски.

Мојсоски е добро познат на македонската спортска јавност како ракометар со врвни признанија, а воедно тој беше и еден од столбовите кога репрезентацијата беше на врвно ниво и го освоивме петтото место на ЕП во Србија.

Интересно е тоа што негов противник од таборот на ВМРО-ДПМНЕ е Борко Ристовски, уште еден врвен ракометар и колега на Мојсоски од репрезентацијата на Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -