Некогашната неразделна двојка, пејачката Шакира и фудбалерот на Барселона, Пике се разделуваат, пишуваат светските медиуми.
Според пишувањата на шпанските медиуми, по јавното искажување на својата активност на фудбалерот, придонело за расправија помеѓу парот, бидејќи популарната пејачка не се согласувала со ставовите на нејзиниот сопруг. Како друга причина за разделбата, медиумите пишуваат е и љубомората на Пике, што веќе била премногу за колумбиската пејачка.
Парот за запозна за време на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010. година, каде што Пике настапуваше со репрезентацијата на Шпанија, а Шакира беше пејачка на насловната песна на првенството. Тие имат две деца.