fbpx
29.8 C
Skopje

Втора жртва од смрзнување – пронајден мртов и Струмичанец

АКТУЕЛНО

Македонија во овој период се соочува со ниски температури, поради кои веќе починаа две лица. Вчера мртов пронајден беше бездомник во Аеродром, додека денес од премрзнување починал и човек во Струмица.

Станува збор за Трајко Трендов од Струмица, кој имал 60. години и бил најден пред влезната врата од неговиот дом, веднаш била повикана брза помош, која констатирала дека лицето починало од смрзнување на студот.

За смртта биле информирани најблиските луѓе до Трајко, односно неговиот син кој живее во куќа под кирија со својата мајка. Ден претходно, синот Дарко му помогнал на својот татко да стигне до својот дом, откако бил пронајден како лежи на улица во алкохолизирана состојба.

Температурите во Македонија во текот на денот се под нула, додека во текот на ноќта доаѓаат и до -20 Целзиусови степени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -