Ноќеска на Клиниката за инфективни болест и фебрилни состојби во Скопје почина маж, кој е втора жртва на корона вирусот во Македонија, потврдија од министерството за здравство.
Станува збор за 63-годишен маж од Дебар, кај кого нагло дошло до влошување на состојбата.
Пациентот за прв пат е примен на Клиниката на 17-ти март, кога немал ниту покачена температура, но бил со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.
Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4),…
Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Monday, March 23, 2020