fbpx
5 C
Skopje

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

АКТУЕЛНО

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази.

Клучните докази против криминалните групи Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, покрај другите материјални траги, ги пронашла полицијата и обвинителството при вештачењето на мобилните телефони на членовите на овие кланови, но и на нивните соработници!

Како што дознаваат Новости, во телефонот на една од приведените девојки биле пронајдени фотографии каде се гледа масakрирање на машки лица, а девојките биле испрашувани во просториите на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК).

Ова се толку moнструозни детали, како на членовите на оваа група примери да им биле kaсапите на Ислаmсkaта државa

Се сомнева дека овие злосторства ги извршиле Вељко Беливук и членови на неговиот криминален клан, а борбата против организираниот криминал беше една од клучните теми на седницата.

По воведното обраќање од српскиот претседател Вучиќ, пред медиумите се обрати и српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.

Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство биле прислушувани 1.572 пати, илегално и без законска основа, објави вечерва министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Дојдовме до неоспорни докази дека имало 1.572 телефонски контакти со претседателот и неговото семејство. Сите контакти беа евидентирани како нелегални и како такви беа снимени без законска основа, полициска причина, транскриптот од разговорите беше симнуван на бело и пренесен на некои високи функционери во Министерството за внатрешни работи, рече Вулин.

Освен кршењето на човековите права, на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, Андреј, Анѓелко и Данило, грубо беше нарушен и системот на државата, рече Вулин.

Тоа е систем што треба да ги штити граѓаните, и не на кој било начин да ги става во позиција нивната приватна комуникација, во која немаше инкриминирачки разговори, да се користи без овластување и да се става на располагање на други лица.

Вељко Беливук и неговата банда паднаа. Разбиена е голема криминална група во Србија, истакна Вулин и покажа фотографии од монструозните дела на Веља Невоља и неговата мафија.

Тоа што се случи никогаш повеќе не смее да му се случи на никого во Србија, рече Вулин.

На фотографиите што се презентираа се гледаат тела со видливи траги на мачење.

а седницата присуствуваа премиерот Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, министерот за полиција Александар Вулин, министерот за финансии Синиша Мали, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, министерката за правда Маја Поповиќ, директорот на БИА Братислав Гашиќ, началник на Генералштабот во српската армија Милан Мојсиловиќ, државниот обвинител Загорка Доловац и директорот на полицијата Владимир Ребиќ.

Тоа што посебно не изненади, за Веља Невоља, имавме фотографии во БИА и во Министерството за внатрешни работи. Оперативците директно се бореа против криминалот и ги ризикуваа своите животи – додаде Александар Вучиќ за време на обраќањето и додаде дека и самите криминалци биле свесни дека паѓаат. За жал, извршени се тешки убиства, а сè уште имаме исчезнати лица.

Готови сте, државата нема да толерира дилери на дрога и убијци. Ќе се справиме со сите. Сега би можел да ги споменам, но не сакам. Тие сметаат дека можат да постигнат многу со ова злосторство и да бидат препознаени во општеството, но тие беа грубо измамени. За нив е важно да видат дека државата нема да си игра со такви работи и ние ќе им укажеме на нивните лаги, рече Вучиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -