fbpx
10.3 C
Skopje

Вучиќ: Груевски ја преминал србско-унгарската граница во придружба на двајца унгарци и привремен документ

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна вечерва во телевизиско интервју изјави дека Груевски ја преминал границата меѓу Србија и Унгарија рано наутро на 12-ти ноември во придружба на двајца Унгарци и со привремен документ.

-На 12-ти ноември (понеделник) во 5 и 11 часот именуваното лице ја напушти Србија преку преминот Хоргош со пасаван број 100.501 издаден во Тирана, со лична карта и во придружба на две лица со дипломатски документи и со дипломатско возило, изјави Вучиќ во интервју на ТВ Хепи, а пренесува Танјуг.

Ова е првпат, српско официјално лице да објави и да потврди дека Груевски при бегањето ја преминал Србија и на кој начин. Пасаван е привремен документ кој го издава амбасада доколку лицето на чие име гласи пријави дека ја изгубило патната исправа. Со пасаван издаден во Тирана, Груевски успеал да стигне до Унгарија и да побара азил во Канцеларијата за емиграција во Будимпешта.

Вучиќ тврди дека за бегалската епопеја низ Балканот на Груевски, не е виновна ниту Србија, ниту Црна Гора ниту Албанија туку македонските власти кои му дозволиле да избега без да распишат меѓународна потерница по него.

-Дури на 13.11. во 19.35 часот од Интерпол Скопје ни беше доставена потерница. Значи, доколку го сопревме тоа ќе беше киднапирање на Груевски од наша страна. Три дена подоцна. Кого вие зафркавате. Барате Србија да апси луѓе без потерница. Да не мислите дека ние сме диво племе, дали тоа го очекувате наместо да се прашате кого пуштивте и зошто толку чекавте, рече Вучиќ во интервјуто.

Српскиот претседател смета дека патот на Груевски бил легален и со важечки документи. Меѓутоа Вучиќ тврди и дека македонско-албанската граница заедно со Унгарци.

-На 10-ти ноември (сабота кон недела), во текот на ноќта, некаде меѓу 1 и 2, немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегува на територијата на Албанија, легитимирајќи се и е во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора, на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пасаван издаден во унгарската амбасада во Унгарија. Потоа влегува во Србија на 11-ти ноември во 22:27 преку граничниот премин Гостун повтроно со важечка лична карта, изјави Вучиќ.

Ова е првпат некој да тврди дека унгарски службеници го придружувале Груевски при излегувањето од Македонија и влегувањето во Албанија. Унгарските власти досега единствено официјално само тоа го негираа, дека му помогнале да ја премине македонско-албанската граница. За сите останати тврдења дека го носеле Груевски со дипломатски возила, унгарската влада досега не се изјасни.

Македонските власти пак досега не соопштија никакви детали како Груевски успеал да излезе од Македонија и да премине во Албанија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Еве kои групи на луѓе треба да јадат лимон секој ден: Во состојба е да излеkува сериозни болести

Доволниот внес на витамин Ц спречува создавање на камен во жолчката, а ефикасно се бори против настинките и поттикнува регенерација на коските. Лимонската киселина...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Kako мали имaле одличен вид: Како Саша и Дејан Матиќ го изгубиле видот (фото)

Пејачите Саша и Дејан Матиќ денес се многу популарни и речиси секоја песна што ќе ја испеат станува хит. Добро е познато дека тие...

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...
- Advertisement -