Повеќе информации за Балканот шрочитајте ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ




Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги коментираше критиките упатени кон него од подппретседателката на Народната партија, др. Санда Рашковиќ – Ивиќ.
Критиките во однос на Косово и надворешната политика кон Вучиќ периодов се засилени, пишуваат тамошните медиуми




Вучиќ, за време на церемонијата по повод пуштањето во употреба на панорамската гондола на Златибор, рече дека такво нешто може да направи само во „трансцендентална медитација“.




„Што да одговорам? Вчера како да беше полна месечина, којзнае какво чудо беше! Може да се види дека сите беа во чудна состојба вчера, рече Вучиќ
Запрашан за истражувањето кое го објави Драган Џилас, претседателот на Српската демократска партија, во кое се тврди дека повеќе луѓе се против Вучиќ отколку против опозицијата, тој рече дека вчера бил чуден ден и дека можел да види и чуе секакви чуда.