Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека има информации од американските власти оти САД ќе воведе санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Добив информации од Американците дека ќе се случи такво нешто, но не знам каква ќе биде содржината на санкциите“, истакна Вучиќ.
На прашањето дали Србија ќе се приклучи кон санкциите од САД, тој рече дека Владата одлучува како колективен орган, и оти не е правилно да се замрзне имотот на Додик и да му се забрани да оди во Белград.
Српскиот весник Блиц, претходно објави дека САД воведува санкции против претседателот на РС.
Санкциите против Додик подразбираат забрана за влез во САД и замрзнување на имотот во САД, како и во сите држави кои ќе се приклучат на овие санкции, пишува весникот.