fbpx
24.8 C
Skopje

Вучиќ по средбата со Путин: Решивме многу прашања, тој доаѓа и во Белград

АКТУЕЛНО

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин е добиено сѐ што било побарано. Тој истакна дека се согласиле за сите теми на разговорот

„Добивме сѐ што баравме. За сѐ се сложивме“, изјави Вучиќ за руската агенција ТАСС и истакна дека деталите од разговорот со рускиот претседател не може да ги открие.

ТАСС пренесува дека Вучиќ на новинарите во Москва, по разговорот со рускиот претседател, им кажал дека е задоволен од исходот и дека на Путин му се заблагодарил на поддршката на територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија.

„Не очекувавме многу (од средбата), само едно нешто – продолжување на оваа работа (на поддршката на Србија). И многу сум задоволен од одговорот на претседателот Путин и јас му кажав „Ви благодарам многу, драг пријателе, ви благодарам многу, ценет претседателе, што заедно со нас го одржувате територијалниот интегритет на Србија, но и меѓународното право. Тоа е многу важно за Србија“, кажа Вучиќ.

Руската агенција пишува дека Вучиќ високо ја оценил соработката на Москва и Белград во, како што се наведува, „меѓународната арена“ и изнел очекувања дека двете земји ќе ја засилат соработката во економскиот сектор.

„Решивме многу конкретни прашања денес и се радувам на скора средба (со Путин) во Белград“, додаде Вучиќ.

Српскиот претседател додал дека очекува Путин да ја посети Србија односно тој позитивно одговорил на неговата покана.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -