Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека пораз на кандидатот на Српската напредна партија, на претседателските избори, ќе значи негово заминување од местото претседател на Влада.
„Нема никакви сомнежи дека пораз на претседателските избори не мора да значи заминување на сите министри или промена на структурата на политичките партии во владата, но секако дека ќе значи мое заминување“, заклучил српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој додаде дека „некој“ сака да ги искористи претседателските избори не за да победи, туку за да ја сруши владата на Србија и нејзините добри резултати.
Српскиот премиер рече дека работата како претседател на Влада ја извршува со голема љубов и посветеност.