fbpx
21.8 C
Skopje

Вучиќ се повлекува, на негово место доаѓа помлад кадар!

АКТУЕЛНО

Александар Вучиќ на затворениот дел од седницата на Српската напредна партија (СНС) најавил повлекување од врвот на партијата, додавајќи дека следната година местото ќе им го отстапи на помлади кадри, пренесуваат српските медиуми.

Една од клучните пораки кои на седницата на Главниот комитет на Партијата ги испратил лидерот на СНС и српски претседател, Вучиќ, се однесувале на решавањето на косовското прашање.

Вучиќ рекол дека разговорите со Приштина се во ќор-сокак, но дека има нови моменти кои бараат, како што кажал, испитување на теренот.

Вучиќ, обраќајќи им се на членовите на Главниот комитет на отворениот дел од седницата, рекол дека неговата политика Србија да зачува што повеќе од Косово и Метохија очигледно не победила во Србија, но и дека ќе продолжи да се бори.

На седницата присуствувале 535 претставници на партијата, а нејзиниот затворен дел минал без големи превирања, информираат српските медиуми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -