Борбата против вирусот која се води на светско ниво не запира, а земјите од ден на ден воведуваат се построги превентивни мерки за да го запрат ширењето на вирусот цел да не паднат здравствените системи и да се зачуваат што повеќе животи.
Во соседна Србија има вонредна состојба исто како и кај нас, но таму деновиве поради зголемениот број на заболени се воведоа и построги мерки, каква што е последната која им забранува на граѓаните да излезат од своите домови од сабота од 13:00 до понеделник до 5:00 часот.
Тоа е така бидејќи во минатото не беа почитувани одредени мерки за движење, посебно од страна на постарите личности. Тоа не е случај само во Србија, туку и во соседна Албанија каде што Рама излегуваше на улиите и ги молеше пензионерите да се вратат во своите домови.
На социјалните мрежи се појави видео на една постара госпоѓа која била затекната на улица во Белград, а поради нејзиниот одговор на прашањето зошто е надовор, снимката стана вирална.
Бев на час по англиски, кај една пријателка, вели госпоѓата на прашањето зошто е надвор во ова време.