12 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вучиќ требаше да се обрати до српскиот народ: Тоа ќе се одложи бидејќи Вучиќ не се чувствува добро

Министерот за финансии Синиша Мали вели дека економската програма за борба против негативните ефекти од епидемијата на коронавирусот требал да ја претстави српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека тој не се чувствува добро.

Тој рече дека Вучиќ ќе и се обрати на јавноста што е можно поскоро во наредните 48 часа.

Претходно српскиот „Топлички центар за демократија и човекови права“ инфирмираше дека поднел кривични пријави против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради непостапување по здравствените прописи во време на епидемија, оти не се придржувале кон одредбата за самоизолација по враќањето од Унгарија, во време кога во Србија имало вонредна состојба. Вучиќ и Мали на 22 март биле во посета на Унгарија, но по враќањето не биле во самоизолација.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.