12 C
Skopje

Вучиќ во нов изборен спот објаснува на мало девојче зошто се важни патиштата (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

И додека кај нас се уште нема договор за датум за избори, во соседна Србија, изборната кампања е во полн ек. Претседателот на Србија и лидер на Српска напредна партија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил „avucic“ објави нов предизборен спот, во кој разговара со девојче.

„Што би ти направила сега“, го прашува Вучиќ девојчето додека си играат со возот, на што девојчето одговара „пат“.

Вучиќ во спотот и објаснува на девојката дека луѓето градат патишта за да имаат поголеми можности за работа.

Девојчето во спотот исто така зборува за важноста на патиштата и додава: „Можат да одат кај баба и дедо“, а на прашањето на Вучиќ што друго сака да се направи, девојчето вели „повеќе училиште и игралишта“.

Ќе продожиме да градиме за нашите деца, вели Вучиќ. Тој во спотот додава дека има идеја како да го врати таткото на девојчето од Германија, но и сите други татковци кои работат надвор од Србија, на што девојчето вели „тоа би го сакала највеќе на свет“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јанчев открива: Сакав да ја продадеме Белата палата, наши гласачи живеат со по две евра на ден

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот...

Trump: I voted for a guy named Trump

US President Donald Trump Voted for the 2020 Presidential Election at a Florida Library He exercised his right to vote in a library in West...

Две до три недели државен карантин за спречување на есенскиот бран на коронавирусот вели Д-р Драган Даниловски

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе...
- Advertisement -