fbpx
14 C
Skopje

Вујко на годината: Твитер полуде поради овој 18-годишник

АКТУЕЛНО

Грант Кеслер е 18-годишник кој го воодушеви Твитер, откако објави фотографија на која во крајно свечена облека заминал во болница, каде се очекувало пораѓање на неговата сестра, па тој го очекувал своето внуче.

Младиот Грант оваа прилика ја гледал како нешто специјално, поради што така и се однесувал, сакал да го запознае своето внуче со целата елеганција која ја нуди овој свет.

Интересни беа пораките кои ги доби тој, на неговиот твит кој достигна 430.000 лајкови и 130.000 ретвитови. Многумина му порачаа дека ќе го следат неговиот пример во иднина, а дел истакнаа и дека тој ја добива наградата „Вујко на годината“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -