fbpx
5 C
Skopje

За 28. февруари закажано судењето за „Тортура“

АКТУЕЛНО

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Иако по жалба на специјалното јавно обвинителство, обвинението за предметот „Тортура“ е во Апелационот суд, Основниот суд Скппје 1 од Скопје на 28 февруари го закажа првото рочиште во овој предмет, потврдија од специјалното јавно обвинителство за „Макфакс“.

Предметот ќе го суди судијката Александра Ристеска.

Судијката Моника Бахчовановска, пак, која го ценела обвинението напишала дека нема oснови на сомнение дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е поттикнувач на тортура против ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Судијката одлучила за тортура да одговараат само „алфите“, а не и Мијалков, бидејќи во време на апсењето на Бошкоски, Мијалков бил шеф на УБК, а надлежност за давање команди на „алфите“ имале одговорни лица од Бирото за јавна безбедност.

Во образложението е напишано дека само од бомбите не може да се утврди дека Мијалков нарачува тортура. СЈО пак во обвинението ги предложило Љубе Бошкоски како оштетено лице, но и загрозен сведок кој би дал исказ под псевдоним во судот. СЈО поднесе жалба на оваа одлука на судијката Бахчовановска. Сега на потег се апелационите судии, кои треба да ја поништат, потврдат или преиначат одлуката на судијката.

Во третата бомба на опозицијата, можеше да се чуе како новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, договараат детали како да биде покриен во вестите на ТВ „Сител“ настанот со апсењето на Бошкоски. Имињата на„ алфите“, обвинети дека ја спровеле тортурата врз Бошкоски се најдоа на листата помилувани функционери и службеници на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Освен командантот Ивица Антевски – Пуки, обвинети се и „алфите“: Новица Станковски, Јован Боцевски, Петар Милошевски, Филип Атанасов и Метуш Шабани. Судот по барање на СЈО им определи забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно им ги одзеде полициските овластувања. Покрај тоа, обвинетите секој петок најдоцна до 12 часот треба да се јавуваат на шалтер во кривичниот суд. Оваа мерка СЈО ја побара бидејќи „алфите“ му вршеле притисок на сведокот предложен токму од нив.

Според обвинението, на 6 јуни 2011 година, ден по изборите, Сашо Мијалков како директор на УБК, поради дискриминација по основа на поинаква политичка определба, ги навел обвинетите „алфи“ при лишувањето од слобода на Љубе Бошкоски да предизвикаат кај него душевно страдање. Во времето на апсењето меѓу 14.30 до 16.00 часот на паркингот пред ресторанот „Воденица“, без да постои каков било отпор од Љубе Бошкоски, употребиле прекумерна сила и закана и спротивно на уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје ги пречекориле законските овластувања за употреба на средства за присилба.

Командантот Ивица Антевски – Пуки издал наредба кон другите обвинети полициски службеници со зборовите: „Легнете ги долу, долу, долу да се апсат на земја, на земја да се апси!“, „Легни го долу, легни го долу!“, по што „алфите“ со употреба на прекумерна физичка сила насилно го легнале на земја удирајќи го Бошкоски по нозете и држејќи го за рацете, го малтретирале, застрашувале и го навредувале со зборовите: „Шефот ми рече, шефот ми рече, осум години затвор не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето!“, „Ајде сега нека лае против шефот“, „Пичка ти материна!“, „Предавник!“, „Ти дојде моментот!“, „Дојде моментот да се реванширам!“, „Да ти ја ебам жената!“ и други вулгарни зборови и пцости кон неговата мајка, сопругата и децата.

Обвинетиот полициски службеник Новица Станковски, според обвинителниот акт, на Бошкоски му го ставил и пиштолот на левиот образ упатувајќи му ги зборовите: „Бел ден да не видиш“. „Алфите“ потоа го ставиле пред полски тоалет со лицето кон вратата на тоалетот и во таква положба непотребно го држеле повеќе од половина час за да биде снимен од медиумите што претходно биле известени за настанот и за кои снимки, како и други снимки, обвинетиот Сашо Мијалков влијаел кај медиумите да бидат често емитувани на ударните вести. Од Апелациониот суд за „Макфакс“ потврдија дека сè уште не одлучиле за жалбата на СЈО.

Извор: а1он.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...

Миленко го нарече Апасиев шарено kурле и му порача: Парите од хонорар кај Катица да ги вратиш

Шареното kурле го рушеше Грујо за да дојде Заев. Заев дојде, kурлето во парламент кворум му обезбедува. Еднаш шарен - секогаш шарен. Парите од хонорар кај...
- Advertisement -