Дали ви се допаѓа да јадете јајца? Ако тие се меѓу омилените јадења, вклучете ги во здрав план за исхрана кој може да ви помогне да им кажете збогум на 10 килограми од вашето тело за само една недела. Јајцата се богати со протеини и минерали, кои му даваат енергија на организмот, но истовремено помагаат и да ја регулирате вашата тежина.
Оваа диета не само што е наменета за брзо и ефикасно слабеење, туку го подобрува видот и здравјето на вашата кожа. За време на диететскиот режим може да конзумирате вода, кафе и билни чаеви без шеќер.
Не заборавајте да додадете мала количина на зачини (без сол), бидејќи тие исто така го забрзуваат метаболизмот и согорувањето на вишокот калории.
ДЕН 1
Појадок: 2 портокали, 2 сварени јајца, 1 чаша обезмастено млеко
Ручек: Чаша јогурт, 300 грама варени или печени пилешки гради
Вечера: 200 грама варено или печено пилешко месо, 1 варено јајце, 1 портокал.
ДЕН 2
Појадок: 2 јајца, чаша вода со неколку капки свеж лимонов сок
Ручек: 200 грама печена риба, 1 цитрон
Вечера: 3 варени јајца
ДЕН 3
Појадок: 2 варени јајца, 1 чаша сок од портокал
Ручек: 200 грама варено или печено говедско месо со зеленчук, 1 портокал
Вечера: 3 варени јајца
ДЕН 4
Појадок: Омлет со три јајца со кромид или зелени зачини по ваш избор, кафе со млеко
Ручек: 200 грама варено или печено говедско месо, 1 портокал
Вечера: 1 варено јајце, 2 портокали
ДЕН 5
Појадок: 2 варени јајца, салата од моркови со кисела павлака
Ручек: 2 сурово рендани моркови, 1 портокал
Вечера: 1 варено јајце, 200 грама печена риба
ДЕН 6
Појадок: 1 чаша кисело млеко, 1 портокал
Ручек: 2 тврдо сварени јајца и 200 грама печена риба
Вечера: Чаша билков чај