14 C
Skopje

За кого бијат дистописките камбани?

АКТУЕЛНО

Цела плејада грешки, ако може да ги наречеме така. И ајде да не бидеме до толку бездушни кон моменталниот состав кој не предводи во оваа, за најголем дел од нас, битка без преседан, и да ги наречеме „грешки“. Да бидеме наивни за момент и претпоставиме дека сите досегашни мерки и чекори беа само панично мавтање во мракот со надеж дека ќе го најдеме прекинувачот. Дека ништо не беше ископирано, не беше планирано, ниту злонамерно. Дека опортунизмот нивни умре на еден месец. Нејсе.

Што и да претпоставите дека беше причината, какво и да е оправдувањето за оваа промашена реакција, за радикалната ретардација на нашата, и онака лесно-кршлива економија, веќе треба и двете да ги нема. Во исто време, што и да беше причината за нашата пасивност и слепо верување дека непријателот го маваме најсилно и најпрезицно што можеме, веќе не би требало да постои. Доколку меѓу некој од вас, обичните луѓе, сѐ уште постои сила да се оправда било кој следен владин чекор, освен укинување на било какви забрани, тогаш нема да имаме основа да се жалиме кога нашите деца ќе ја дочекаат сметката. Нема да имаме логични зборови да им објасниме зошто сме дозволиле владата да ги пригуши во една крајно перверзна и перманентна заедница на неспособен старател и безнадежни штитеници. Заедница од која ќе нема бегање.

А доколку потпаднеме на овие технолошки сугестии за кои постои план да се воведат „за наше добро“, подоцна и навистина ќе нема многу опции за излез. Имено, следната генијална мерка за заштита на општото здравје, или преведено: за заштита на нас од самите себе, немаме ниту една добра причина да ја прифатиме.

Пред се, поради тоа што досега, се што беше сторено беше крајно неефикасно: бројката на заразени упорно вртоглаво расте, бројот на „привилегирани“ фаци и групи кои од една или друга причина вирус не ги фаќа, па можат слободно да акаат баш во време на полициски час секојдневно се зголемува, и нашинците – сега веќе високоризични – заглавени во странство сѐ уште не можеме да си ги прибереме, нешто што требаше да го завршиме многу одамна. Фашизмот со полициските часови не е успешен. И Велигден каков што го замислија – заврши. Сега што мислите, каде ќе одат верниците уште во мугрите после празникот?

Потоа, поради тоа што оваа најнова мерка се поставува чисто како и сите досегашни – поради опортунизам под изговор „затоа што така направиле“ некои други земји. И затоа што оваа нова дигитална генијалност се поставува од технолошки неписмена, финансиски сиромашна, и стратешки хендикепирана влада. Три многу значајни предзнаци кои укажуваат само на едно: злоупотреба. Влада која не може административните онлајн системи за секојдневни потреби да си ги среди и да си ги усогласи да работат без проблем во никој случај не е подготвена да следи и контролира стотици илјади луѓе и продуктивно да реагира во вистинско време. Грдно се лажете доколку верувате во било што друго.

И што е следниот нивен чекор? Треба да инсталираме софтвер на уредите кои ги носиме со себе секаде, па дури и под туш, кој некако магично ќе не спаси од епидемијата (читај: ќе сподели секакви чувствителни лични информации со Надгледувачот, ќе му овозможи да ве врати на место како робот на далечинско, и дури и да ве казни без разлика каде сте и што правите. Па вие пак слободно мудрувајте со оставање на телефонот дома, додека вие да шетате. Бегање нема). А знаете зошто сега ни се предлага ваква мерка? Затоа што некои влади во светот се дрзнале да го преземат овој експериментален авторитативен чекор, затоа што ова е одлична можност да се експериментира со маса на луѓе. Затоа што е многу полесно да се контролира истата доколку може тоа да се направи од една соба, со клик на копче, отколку да се бркаат непослушници со полиција по улици. Затоа што тоа е еден од најлесните чекори за наметнување контрола над непокорен народ во 21ви век.

А ако нешто упорно се повторува во историјата на Македонскиот народ, тоа е токму непокорноста. Тоа е токму идејата дека никој друг не може да ни каже што е „добро за нас“. Кога можевме и најклетите и најбрутални непријатели да ги испадиме со крвави борби, сигурно можеме и да надмудриме една рака неспособњаци, и да им покажеме дека сеуште не сме ја искусиле целосната слобода, и дека „нулите и единиците“ не се нивни арачлии кои ќе не доведат во ред кој ниту самите тие не знаат како треба да изгледа. Одбијте инсталирање на било каква апликација понудена од владата. Одбијте доброволно да им се предадете на нивните рестриктивни, но пред се, неефикасни методи и тестови. Не ги вгнездувајте најзлонамерните и најнеспособните меѓу нас во вашите домови.

П.С. Бидете внимателни: бунтувањето против авторитарноста не оди без мозок. Бидете паметни, држете јасна дистанца, превземете ги сите мерки за претпазливост, идејата е да покажеме дека знаеме да бидеме независни и одговорни во исто време. Инаетот во најдобра рака ќе им ги потпали убедувањата дека сме неодговорна стока, а во најлоша рака ќе заврши фатално по самите нас…

Автор: Марјан Ќуринов, граѓански активист за слобода и автор на подкастите на Конзерватив МК „Слободна тема“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...

Рекорди се нижат: Се апелира на почитување на мерките – над 983 луѓе биле казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството за...
- Advertisement -