fbpx
18.8 C
Skopje

За неа ние се борим, за неа ние мрем

АКТУЕЛНО

На 20 јули (2 август) избувнува Илинденско-Преображенското востание, најголемата акција на старата Македоно-Одринска Револуционерна Организација. Востанието што за Високата порта можеби и не значело нешто повеќе од една обична побуна, какви што ги имало со илјадници во историјата на Империјата, за нас наследниците на учесниците во ова епопеја е од огромно значење.

Сакам да напишам збор два за тие нејзнајните јунаци што умреа за Неа…

Заради нив и заради нивниот подвиг сме должни ова држава да ја изведеме на правиот пат. Тие го заслужуваат тоа, бидејќи живееле како обични луѓе, се труделе, како и сите останати за да преживеат, но умреле како херои, оставајќи позади себе зацрнети фамилии. Таа саможртва нема цена. Нема оштета која може да ја покрие загубата. Во подвигот на незнајниот јунак што ја земал пушката на 20 јули, нема да најдете платен патриотизам од денешен тип. Ќе најдете чиста љубов. Таква каква што ја чувствуваме од приказните и песните за героите.

Вечнаја памјат за сите кои влегоа во огнот на Илинден, за да отидат курбан за Неа!!!

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -