-1 C
Skopje

Зa што се боревме?

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Гордана Попсимонова

Многу сум лута на себе. Се чувствувам изневерена, изиграна, измамена и безнадежно наивна. Како мало дете, кое спротивно на сопствениот темперамент, се труди да биде мирно, да не прави бељи, да учи, да биде послушно, да дава сѐ од себе и… на крај да не го добие ветеното или очекуваното. Или како возрасен човек кој го напушта комодитетот на сопствениот дом и професијата која ја сака, да се фати во костец со еден авторитарен режим и, својата личност, чест, гордост и достоинство да ги стави на подбив на разни курирци и ним слични, да го заокружуваат неговиот лик на фотографиите од протестите, да му чепкаат во интимата, да му се закануваат со пораки, да биде во постојан конфликт со средината, да му се налутат роднините, да изгуби другари, да си го напушти раатот, а на крајот да не го добие она што го барал – чесна власт, која ќе испорача слобода, правда и демократија.

Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни и надзорни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?

А тоа се случува, тоа го гледам и го слушам и тоа ме прави гневна. И токму затоа, дечки од СДСМ, имам да ви соопштам неколку битни работи. Нека ве боли колку сака.

Прво! Дечки од СДСМ, вие не го симнавте Груевски со ваши програми, идеи и проекти. Да бидеме искрени, ги немавте. Го урнавте со „бомбите“ на Заев. А зад нив, зад снимените разговори, стојат неколку доблесни и храбри мажи кои си ги ризикуваа здравјето и животот за да го изнесат на виделина монструозното лице на претходната власт. Им рековте ли барем „благодарам“? Знаете ли кои се и помисливте ли како да им возвратите?

Второ! Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски. Не ве биваше. Партијата ви беше партал, што од внатрешни фракциски борби (фала на прашање – сега се повидливи и помногубројни од кога било), што од мрза да изработите ефективна и ефикасна стратегија за мобилизирање на граѓаните, што од систематското деструктивно дејство на ВМРО-ДПМНЕ. Јавна тајна е дека огромен дел од вашите сегашни јастреби, имаа добра (да не кажам – плодна) соработка со партијата која сега е во опозиција и по која едногласно плукаат.

Прочитајте го целиот напис ОВДЕ  – nezavisen.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...

Брнз: Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот

Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата...

Се ближи крајот на моторите со внатрешно согорување

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека од 2030 година ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, иако властите во...

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...
- Advertisement -