fbpx
5 C
Skopje

Италијанците ќе ви платат пола авионска карта, и третина од сметките за хотел

АКТУЕЛНО

Се повеќе земји од светот се подготвуваат, а дел од нив веќе и ги применуваат поблагите мерки поради како што велат подобрувањето на состојбата околу пандемијата со коронавирусот, а еден од најголемите предизвици сегде во светот е спасување на туристичката летна сезона, посебно во земји чија економија е тесно поврзана со туризмот.

Една од тие држави е и токму една од најпогодените од вирусот, Италија, која веќе подготвува мерки за спас на туризмот.

Италијанците спремаат буџет од 50 милиони евра како би го спасиле секторот туризам, а првите проценки велат дека државата досега изгубила околу милијарда евра само во тој сектор. 13 % од БДП на Италија го чини туризамот.

Она што конкретно ќе биде понудено од италијанските локални власти во Сицилија е плаќање на пола од летовите на туристите кои ќе ја посетат Сицилија, покривање на третина од сметките за хотелски услуги како и бесплатни карти за музеи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -