33 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ангелов: Зоран Заев, Достоинство и јас

На последните парламентарни избори во декември 2016 година “Достоинство“ настапи во коалицијата “ВМРО за Македонија“ заедно со ВМРО НП на Љубчо Георгиевски и “Обединети...

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

Ljupcho Nikolovski ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија! На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми...

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според каталогот на ЕУ

Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули...

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според каталогот на ЕУ

Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и континуирано ќе се оценуваат податоците“.

Станало збор за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.

Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.

На состанокот присуствувале министрите за здравство, за туризам, за дигитална политика, за поморство и островска политика, замениците-министри за здравство, цивилна заштита, за координација на работата на владата, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје и професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19./МИА/

Latest Posts

Ангелов: Зоран Заев, Достоинство и јас

На последните парламентарни избори во декември 2016 година “Достоинство“ настапи во коалицијата “ВМРО за Македонија“ заедно со ВМРО НП на Љубчо Георгиевски и “Обединети...

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

Ljupcho Nikolovski ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија! На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми...

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според каталогот на ЕУ

Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули...

АКТУЕЛНО

СЗО повика да се зголеми производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.