fbpx
18.8 C
Skopje

Забележавте ли што носеше Јелена Ѓоковиќ за финалето на Ролан Гарос – Раскошно цветно парче ФОТО

АКТУЕЛНО

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ е позната по одличните модни избори, а за финалето на Ролан Гарос одбрала фустан кој секоја девојка треба да го има во шифоњерот ова лето.

Цветните дезени се омилен избор на Јелена за летово.

Таа се одлучила за црн фустан со цветен дезен, кој како и секое лето е моден императив. Голи раменици и лелујава текстура, се вистински избор за жешките летни денови. Овој модел на фустан прилега на сечија фигура.

Јелена секогаш избира класични неупадливи комбинации, во кои блеска. Одмерениот стил во облекувањето таа посебно го преферира кога на трибините го храбри сопругот.

Уште еден моден детал кој сите модни експерти го препорачуваат за летово, Јелена го искомбинирала со фустанот. Таа носи бел модел на шешир, со среден обод и со црна лента и со тоа го испочитувала монохроматскиот тренд.

Извор: Инстаграм ЛИНК Novak Djokovic Fan Club (@novakfanclub) • Instagram photos and videos

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -